Оглас за хонорарен ангажман на 2 новинар(к)и

Здружението за социјален и мултикултурен развој Женска Алијанса од Скопје, за потребите на проектот „Промовирање и подигнување на свеста за ЛГБТ права преку професионално, одговорно и етичко новинарство“ што се реализира со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Скопје, објавува конкурс за две слободни хонорарни работни места на позиција „новинар(ка)/креатор(ка) на интернет содржини“.

За медиумот:

Интернет магазинот Queer Macedonia ги носи најновите информации и настани поврзани со ЛГБТ движењето на локално и глобално ниво, забавната индустрија, културата, уметноста, спортот и многу повеќе.

За да се запознаете со работата на медиумот, посетете ја веб-страницата Queer.mk

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • минимум три години новинарско искуство
  • врвни новинарски и стилски вештини
  • познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди
  • познавање на поширокиот политички контекст и ЛГБТ движењето во Република Македонија
  • познавање на состојбите и развојот на ЛГБТ правата во светот ќе се смета за предност
  • одлично познавање на англиски јазик (дополнителен јазик ќе се смета за предност)
  • компјутерска писменост со напредно познавање на основните компјутерски програми од пакетот Microsoft Office (Word, Excel и PowerPoint) и користење на интернет прелистувачи (се претпочита Google Chrome, а може и Mozilla Firefox, Internet Explorer, Safari или Opera)
  • практично искуство и напредни вештини во користење аудио, фото и видео опрема, а познавањето софтвер за мултимедијална обработка ќе се смета за предност
  • познавање на WordPress системот за управување со содржини (претходно искуство со WordPress ќе се смета за предност, а за оние кои нeмаат искуство ќе се спроведе обука)
  • способност за тимска работа
  • способност за работа под притисок
  • одговорност, посветеност и темелност во работата
  • комуникативност, флексибилност, енергичност

Опис на работните задачи:

  • пишување новинарски написи
  • подготвување на аудио и видео прилози и интервјуа

Работниот ангажман предвидува 50 работни часови месечно и е во времетраење од 12 месеци, и тоа од 1/9/2016 до 31/8/2017. Работните задачи ќе се извршуваат од понеделник до петок, и тоа во просек по 2 работни часови дневно, во периодот од 12 до 16 часот, со можност за поместување на работното време доколку се појави потреба за медиумско покривање на одреден настан или поради други околности.

Можност за работа и од вашата домашна канцеларија, со што заштедувате време и пари. Во овој случај потребно е да поседувате лаптоп и пристап до брза и стабилна интернет конекција.

Месечниот бруто хонорар за оваа работна позиција изнесува 200 USD (американски долари) во денарска противвредност и истиот ќе биде регулиран со Авторски договор.

Постапка на аплицирање

Заинтересираните кандидати својата кратка биографија и мотивациско писмо (не подолго од 30 реда текст) треба да ги достават најдоцна до 26 август 2016 на следната адреса на електронска пошта: contact@queer.mk со предмет на пораката: „Апликација за работна позиција новинар(ка)“.

Процес на селекција

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат горенаведените услови и оние кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Сите кандидати кои ќе се пријават на конкурсот ќе бидат известени за влезот или испаѓањето од потесната конкуренција на 29 август 2016. Со оние кои ќе влезат во потесен круг ќе биде закажано интервју на 30 август 2016. За конечната одлука кандидатите ќе бидат известени во текот на истиот ден. Од оние кои ќе бидат избрани за слободните работни места, ќе биде побарано да дојдат во канцеларијата на Женска Алијанса за да потпишат договор.

Информации за работодавецот

Назив: Здружение на граѓани за социјален и мултикултурен развој Женска Алијанса – Скопје
Адреса: ул. Вељко Влаховиќ бр. 18 локал 1 – Скопје
Е-пошта: info@womensalliance.mk
Веб-страница: www.womensalliance.mk

лице за односи со јавност: Петар Стојковиќ
телефон за контакт: +389 75 339 116

Женска Алијанса го почитува принципот на еднакви можности.
Сите кандидат(к)и се подеднакво добредојдени!