Добредојде во Женска Алијанса
Здружение на граѓани за социјален и мултикултурен развој од Скопје
Кои сме ние
Основана во октомври 2007 година во Скопје, Женска Алијанса е првата лезбијска и феминистичка невладина организација за промоција и заштита на човековите права на ЛГБТ+ заедницата и културен развој на општеството следејќи ги принципите на еднаквост, диверзитет и недискриминација.
Имајќи предвид дека правото на почитување на приватниот и семејниот живот е едно од основните човекови права, се залагаме за елиминација на сите форми на говор на омраза и насилство врз нехетеросексуалните и родово-неконформните луѓе и превенција на и заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија. Постојано се стремиме и даваме свој придонес кон социјалната инклузија на ЛГБТ+ луѓето и борбата за еднакви права за сите преку залагање за правни промени и подобрување на националната легислатива.
План за работа
Визија
Информациите ги преточуваме во акција преку организација, застапување и борба за еднаквост на ЛГБТ+ заедницата. Работиме на креирање слободно општество без предрасуди, нетрпеливост и омраза каде ЛГБТ луѓето ќе може да живеат отворено, искрено и автентично.
Мисија
Подобрување на социјалниот и правниот статус на ЛГБТ+ заедницата во Северна Македонија, заштита и развој на нејзината култура во општеството, истражување и анализа на законите во контекст на поддршка на борбата за целосна еднаквост и социјална инклузија.
Стратегија
Јакнење, промоција и зголемување на видливоста на ЛГБТ+ заедницата во општеството преку работилници, семинари, конференции, јавни трибини, активности за подигнување на јавната свест, лобирање, медиумски кампањи и други активности во поддршка на каузата.
Приоритетни цели
Основните цели на нашата организација се: поддршка и зајакнување на ЛГБТ+ луѓето што се во потрага по прифаќање на нивната сексуална ориентација или родов идентитет; постигнување зголемена видливост на ЛГБТ+ заедницата во земјата и сензибилизација на општеството; редуцирање и елиминирање на ЛГБТ-фобичниот говор и дела од омраза; промоција и заштита на човековите права на ЛГБТ+ луѓето; подобрување на националната легислатива во насока на изедначување на правата на ЛГБТ+ луѓето со останатите.