Случајот со Милетиќ пред анкетна комисија

По одговорот на Комисијата за заштита од дискриминација на нашата претставка од 02 октомври 2013 година, Женска Алијанса поднесе допис до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при парламентот.

Во дописот, од анкетната комисија се бара да се произнесе во врска со дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација направена од страна на пратеникот Драгиша Милетиќ со изнесените навреди и класификации на 72-та седница на Собранието на Република Македонија упатени кон лицата со хомосексуална ориентација и доколку се констатира повреда, во рамките на нејзиниот мандат да поведе постапка за утврдување на одговорност на носителот на јавната функција.