Правни информации

Правила и услови

Добредојдовте на Женска Алијанса. Со прелистувањето и користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите правила и услови за користење, кои заедно со нашата политика за приватност ја дефинираат релацијата на Женска Алијанса со вас во врска со оваа веб-страница.

Терминот Женска Алијанса или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на оваа веб-страница. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашата веб-страница. Користењето на оваа веб-страница е условено со следните правила на користење:

  • Содржините на главната страница и на нејзините под-страници е за лична и персонална употреба на содржаните информации. Содржините можат да се менуваат без претходна напомена.
  • Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на оваа веб-страница за која било намена. Со самото користење на страницата, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.
  • Користењето на кои било информации или материјали од оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, претходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.
  • Оваа веб-страница содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила и услови.
  • Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашата веб-страница.
  • Неавторизираното користење или злоупотреба на оваа веб-страница (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.
  • Повремено оваа веб-страница може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-страници. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-страниците. Женска Алијанса не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-страници.
  • Не можете да креирате пренасочување кон оваа веб-страница од друга веб-страница или документ без претходна писмена согласност од страна на Женска Алијанса.

Политика за приватност

Приватноста на корисниците е од исклучителна важност за Женска Алијанса. Овој документ ја утврдува политиката за приватност и приватните информации што Женска Алијанса ги собира од корисниците при секое консултирање на веб-страницата.

Логови
Како и многу други веб-страници, Женска Алијанса користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.

Колачиња и „Web Beacons“ (веб-тракери)
Женска Алијанса користи колачиња за да ги запамти корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од страна на корисникот и за да ја прилагоди веб-страницата врз база на веб прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку неговиот веб прелистувач.

Колачиња од други платформи и веб-страници
При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-страници како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-страницата со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола над надворешните колачиња.

Колачиња од алатките за споделување содржини
Ве молиме, имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата ‘сподели’ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да споделуваат статии со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола над нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-страници за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

Google Analytics колачиња
Го користиме Google Analytics, кој е сервис на компанијата Google, Inc. за анализирање на посетеноста на веб-страниците, за да го утврдиме бројот на посетители на нашата веб-страница и да спроведеме анализа како тие се служат со веб-страницата, со цел да одредиме како нашите корисници ни ги вреднуваат содржините. За повеќе информации во врска со овие колачиња кликнете овде.

AddThis колачиња
AddThis Smart Layers им овозможува на корисниците да споделуваат содржини од нашите веб страници со нивните пријатели и контакти преку социјалните мрежи и веб-страниците за социјално обележување. Оваа услуга ја вршат независни надворешни добавувачи и ние немаме каков било пристап до информациите, ниту пак можеме да ги зачуваме истите со помош на овие колачиња. За повеќе информации во врска со овие колачиња кликнете овде.

DoubleClick DART-колачиња

  • Google, како давател на сервиси, користи колачиња за прикажување реклами на Женска Алијанса.
  • Употребата на DART-колачиња од страна на Google овозможува прикажување реклами на корисниците при користењето на Женска Алијанса и на други страници на интернет.
  • Корисниците може да го онеспособат користењето на DART-колачињата. За таа цел, можат да ја посетат следната веб-страница: http://www.google.com/privacy_ads.html.

Овие сервери или мрежи користат технологија со која нивните реклами се појавуваат директно на вашиот екран при отворањето на Женска Алијанса. Притоа, автоматски ја добиваат вашата IP-адреса. Други технологии (колачиња, JavaScript или „веб-тракери“) се користат исто така од надворешни мрежи, со цел да се насочат рекламите интересни за корисникот или да се „прочитаат“ домените што го засегаат во секојдневниот живот.

Женска Алијанса нема контрола врз технологиите што ги користат овие надворешни мрежи.

Доколку сакате да ја консултирате политиката за приватност на третите мрежи и на нивните сервиси, како и да дознаете кои се начините за да ги исклучите, консултирајте ги директно нивните веб-страници. Политиката за приватност на Женска Алијанса не важи, и не можеме да ги контролираме активностите, на таквите трети огласувачи или веб-страници.

Доколку сакате да ги онеспособите колачињата, тоа можете да го сторите директно од вашиот веб прелистувач. Информации за оваа операција ќе добиете на веб-страниците на веб прелистувачите што ги користите.

Сигурни донации

Политика за заштита на личните податоци на корисници на картички

Женска Алијанса е максимално посветена на сигурноста и доверливоста на целокупното свое работење. Наш приоритет е комплетната сигурност на нашите донатори при плаќањето и користењето на своите платежни картички. Сигурноста при донирањето парични средства на Женска Алијанса е гарантирана преку имплементација на најдобрите технички решенија и процеси.

Партнер за финансиски трансакции
Сите платежни трансакции на Женска Алијанса се извршуваат со помош на сервисот за собирање донации на Givlet. Заедно со нашиот партнер ги користиме најновите искуства и знаења во оваа област за да овозможиме максимална сигурност и доверливост.

Како ги заштитуваме вашите информации
Ние имаме имплементирано соодветни практики за прибирање, складирање и процесуирање податоци, како и безбедносни мерки за заштита од неовластен пристап, измена, откривање или уништување на вашите лични информации, информации за трансакции и други податоци кои се внесуваат на нашата веб-страница. Размената на сензитивни и приватни податоци помеѓу веб-страницата и нејзините корисници се остварува преку сигурен комуникациски канал обезбеден со SSL сертификат и истите се енкриптирани и заштитени со дигитални сертификати.

Ограничување од одговорност

Информациите содржани на оваа веб-страница се од генерален информативен карактер. Тие се пуштаат во промет од Женска Алијанса со цел да се дојде до слободен пристап на информациите и на мислењата, без притоа да се гарантира нивната точност, целост и веродостојност, како и оние врз чиишто извори се базира содржината. Секое користење на информациите е на ризик на читателот.

Во ниеден случај нема да бидеме одговорни во случај на каква било загуба или штета, индиректна или последователна загуба или штета, или каква било загуба или штета настаната од губењето податоци или профити од, или во врска со, користењето на оваа веб-страница.

При користење на оваа веб-страница, можете да бидете насочени и кон други страници чија содржина не е под контрола на Женска Алијанса. Нашата редакција нема ниту директна ниту индиректна контрола врз природата, содржините или достапноста на овие веб-страници. Вклучувањето на какви било линкови не имплицира нужно препорака или поддршка на ставовите и мислењата изразени на нив.

Се прават сите напори за да се одржи достапноста и оперативноста на оваа веб-страница. Во секој случај, Женска Алијанса не презема одговорност, или нема да биде виновна, доколку веб-страница е привремено недостапна како резултат на технички проблеми надвор од наша контрола.

Авторски права

Оваа веб-страница е сопственост на Женска Алијанса – © Женска Алијанса 2007-2016. Сите права задржани.

Секое копирање на дел или целосна репродукција на нашите содржини е забранета, освен во следниве случаи:

  • можете да ги печатите или да ги снимате на дискови нашите содржини само за лична употреба;
  • можете да ги копирате нашите содржини за лична употреба од трети лица, но само доколку ја наведете веб-страницата како извор на материјалите.

Во никој случај не смеете да ги копирате ниту да ги користите овие содржини без претходна пишана дозвола. Нивната репродукција е исто така забранета на веб-страници различни од Женска Алијанса како и други медиуми за електронска дифузија на информации.

Политика за рефундирање

Невладината организација „Женска Алијанса“ нема да врши поврат на уплатените средства по било кој основ и секоја донација е финална.