Пратениците не одговараат за дискриминација

По повод говорот на омраза од страна на пратеникот Драгиша Милетиќ од Српска напредна странка во Македонија на 72-та седница на Собранието на Република Македонија, Женска Алијанса поднесе претставка за дискриминација по основа на сексуална ориентација до Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). Во одговорот добиен од Комисијата се наведува дека „имајќи го предвид член 64 од Уставот на Република Македонија кој што предвидува дека пратениците во Собранието уживаат имунитет и истите не можат да бидат повикани на одговорност за искажаното мислење или за гласање во Собранието, КЗД нема да покрене постапка за утврдување дискриминација по наведените наводи“.

Мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација е можете да го погледнете овде.