Креирање на инклузивен пазар на трудот

Женска Алијанса во соработка со студентскиот културен центар ШКУЦ од Љубљана во јануари започна со реализација на проектот „Безбедни и еднакви: Управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето“ што има за цел креирање инклузивен пазар на трудот за инклузивно општество.

Проектот ќе се реализира во три македонски градови, и тоа Скопје, Тетово и Охрид.

Фокусот на акцијата е промовирање активно вклучување на луѓето во најслаба позиција на пазарот на трудот, а со тоа креирање на еднакви можности за сите во пристапот до пазарот на трудот.

Таргет групите на проектот опфаќаат професионалци од владиниот и невладиниот сектор кои работат во полето на социјална инклузија на најранливите групи, а корисници на придобивките по реализација на предвидените проектни активности се ранливите групи и луѓето изложени на социјален ризик при вработувањето, социјалните партнери, креаторите на политиките и општеството во целина.

Реализацијата на проектот е финансиски поддржана од Европската Унија – ИПА. ПОВЕЌЕ ЗА ПРОЕКТОТ »


Овој напис е изготвен со финансиска помош на ЕУ. Содржината на овој напис е единствена одговорност на НВО Женска Алијанса од Скопје и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на ЕУ.