
Безбедни и еднакви: управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето

Денови на разноликоста
тродневен фестивал
Фестивалот „Денови на разноликоста“ во Скопје е една од основните компоненти на проектот „Безбедни и еднакви: Управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето“. Неговата цел е да ја популаризира улогата и вредноста на различноста во општеството. Опсегот на настаните и уметничките содржини презентирани на нив го рефлектираат човечкиот и културниот диверзитет.
Покрај популаризација на различноста, правото да се биде различен, правото на слобода на изразување, културата и уметноста на различни малцинства, фестивалот исто така има за цел да ја едуцира јавноста и подигне свесноста за вредноста на почитувањето на различностите како би се осигурале одржлив развој и благостојба на општеството.
30 август 2017
Музеј на современата уметност - Скопје
20:30-21:00
Пристигнување на гостите
21:00-21:15
Поздравни говори
21:15-22:45
Концерт на Ема Ананиевска (пијано), апсолвентка на Факултетот за музичка уметност и гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, составен од академски музичари, сите членови на НУ Македонска филхармонија
22:45-00:00
Изложба на селекција на фотографии од различни автори пристигнати на јавниот конкурс за фотографија на тема недискриминација и диверзитет во рамките на проектот
Коктел
Диџеj сет на Костадин Шурбановски - Шурбе
31 август 2017
ЕУ ИнфоЦентар
20:00-21:40
Филмска проекција на документарецот „Квир Артивизам“
Изложба на фотографии (истата поставка од МСУ)
Кафе бар Винил
22:00-00:00
Забава со диџеј Зоки Бејбе
1 септември 2017
Хотел Порта
10:30-15:30
Интернационална конференција: „Заедно за праведно вработување: Инклузивен пазар на трудот за инклузивно општество“
(Официјални јазици на настанот се македонски и англиски. Обезбеден е симултан превод. Агендата преземете ја овде.)
ВЛЕЗОТ НА СИТЕ НАСТАНИ Е СЛОБОДЕН
Национална тркалезна маса
25 август во Хотел Порта - Скопје
„Невладините организации и нивната улога во промоција на еднакви можности и спречување на дискриминација при вработување“
Воглавно, една од целите на невладините организации е да промовираат просперитет на општеството повикувајќи се на разни горливи проблеми, кои значајно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните и граѓанките, и тежат кон истата улога како и другите демократски институции за развој и напредок. Невладините организации се меѓу најважните актери во борбата против дискриминацијата, а исто така и во сферата на вработувањето и на пазарот на трудот. Поради континуираното ангажирање за јавниот интерес, тие се способни да развијат стручност која е потребна за да се работи на влијанието и ефикасноста на политиките за еднакви можности и забрана на дискриминацијата.
Тие заземаат посебно место, особено во смисла на освестувањето, мотивирањето и вмрежувањето на релевантните актери на пазарот на трудот. Невладините организации се во можност да покренат иницијатива и мобилизација поради нивното добро познавање на состојбата на теренот и актуелните трендови на развој на национални и европски политики, како и поради сеопфатниот увид во конкретните ситуации на малцинските и загрозените групи, стекнат преку долгогодишната практична работа.
Целта на тркалезната маса е да ги собере релевантните организации и актери, како и сите заинтересирани чинители во областа на борбата против дискриминацијата, како би го разгледале прашањето на еднакви можности и проблемот со дискриминација на ранливите групи при вработување, би размениле знаења и искуства и би осмислиле идни иницијативи. Исто така, да го привлечеме вниманието на медиумите и јавноста за тоа прашање и да ја нагласиме неговата важност во смисла на освестување на јавноста.
Содржина: мерки за спречување на дискриминација; добри практики; делотворни пристапи и програми; соработка меѓу невладините организации, синдикатите и работодавачите; одржливи начини на соработка; ефикасни видови активности за воведување заштитни мерки за ранливите групи при вработување; истражувања и анализи; медиумски кампањи и кампањи за подигнување на свеста.
Конкурс
за фотографија и кратко видео
Вклучете се во подигнувањето на јавната свест за потребата од почитување на различностите и недискриминација. Испратете ја вашата порака преку фотографија или кратко видео и дајте свој придонес во градењето на инклузивно опкружување.
Како вие ја гледате разноликоста на општеството преку вашиот објектив? Придружете ни се во спречувањето на дискриминацијата врз основа на полот, возраста, расата, етничката припадност, вероисповедта, сексуалната ориентација, родовиот идентитет и други лични карактеристики на луѓето.
Автор(к)ите на најдобрата фотографија и најдоброто кратко видео ќе добијат награди во износ од по 15.000 денари. Селекција од пристигнатите дела ќе бидат прикажани и изложени на отворањето на фестивалот „Денови на разноликоста“.
Конкурсот е отворен до 11 август. Може да аплицираат сите полнолетни лица. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 25 август. Проекцијата на кратките видеа и изложбата на селекција на фотографии ќе се одржи на 30 август, во Музејот на современата уметност во Скопје. Ве очекуваме!
За проектот
Дваесетмесечниот национален проект ќе се реализира во три македонски градови - Скопје, Тетово и Охрид. Главните цели на проектот се промовирање активна инклузија на лицата во најслаба позиција на пазарот на трудот, зацврснување на улогата на релевантните чинители за развој на програми за социјална инклузија при вработување, и подигнување на видливоста и свеста во општеството за важноста на превенцијата од дискриминација при вработувањето.
Клучните активности на програмата се фокусирани на воведување на одржлив модел за управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето, идентификација и размена на најдобрите практики од регионот и ЕУ. Тоа се состои од серија на семинари за обука на невладините организации кои работат во доменот на човековите права, трудовите синдикати и работодавците од нашата држава, национална експертска трибина и интернационална конференција на тема зацврснување на граѓанскиот и социјалниот дијалог и вмрежување за еднакви можности, како и кампања за подигнување на свеста на тема диверзитет и инклузивно општество.
Овој проект е финансиран од Европската унија*, а го имплементираат Студентски културен центар ШКУЦ од Љубљана и Женска Алијанса од Скопје.
* Европската унија е составена од 28 земји-членки кои имаат решено постепено да ги поврзат заедно нивните знаења, ресурси и судбини. Заедно, во текот на периодот на проширување од 50 години, тие имаат изградено зона на стабилност, демократија и одржлив развој притоа задржувајќи ги културниот диверзитет, толеранцијата и индивидуалните слободи. Европската унија е посветена на споделување на нејзините достигнувања и нејзините вредности со земјите и луѓето вон нејзините граници.
Настани
ЗАВРШЕНИ:
Публикации

Добри практики при управувањето со различноста на работното место


Добра пракса за мерки против дискриминација при вработување

Проектна канцеларија
ул. Вељко Влаховиќ 18 локал 1, Скопје
Национален проектен координатор
Гордана Трпчевска
+389 (0)75 243 648
gordana@womensalliance.mk
Лице за односи со јавност
Петар Стојковиќ
+389 (0)75 339 116
info@womensalliance.mk
Корисни линкови
корисник, договорна страна, донатор
Министерство за труд и социјална политика
Адреса: Даме Груев 14, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3106 212
Е-пошта: mtsp@mtsp.gov.mk
ЦФСД/Министерство за финансии
Адреса: Даме Груев 12, 1000 Скопје
Факс: +389 2 3255 723
Е-пошта: cfcd@finance.gov.mk
Делегација на Европската унија во Скопје
Адреса: Св. Кирил и Методиј 52б, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3248 500
Е-пошта: delegation-fyrmacedonia@eeas.europa.eu

Оваа веб-презентација на проектот е изготвена со финансиска помош на Европската унија. Содржината на оваа веб-презентација е единствена одговорност на невладината организација Женска Алијанса од Скопје и во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската унија.