Можеби се прашувате
Кои сме ние
Основана во октомври 2007 година во Скопје, Женска Алијанса е првата лезбејска и феминистичка невладина организација за промоција и заштита на човековите права на ЛГБТ заедницата и културен развој на општеството следејќи ги принципите на еднаквост, разновидност, толеранција и недискриминација.
Имајќи предвид дека правото на поинаква сексуална ориентација е едно од основните човекови права, се залагаме за елиминација на сите форми на насилство врз нехетеросексуалните луѓе и дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија. Постојано се стремиме кон социјална инклузија на ЛГБТ луѓето и еднакви права преку залагање за правни промени и подобрување на националната легислатива.
ВИЗИЈА
Информациите ги преточуваме во акција преку организација, застапување и борба за еднаквост на ЛГБТ заедницата. Работиме на креирање слободно општество без предрасуди, нетрпеливост и омраза каде ЛГБТ луѓето ќе може да живеат отворено, искрено и реално.
МИСИЈА
Подобрување на социјалниот и правниот статус на ЛГБТ заедницата во Република Македонија, заштита и развој на нејзината култура во општеството, истражување и анализа на законите во контекст на поддршка на борбата за целосна еднаквост и социјална инклузија.
СТРАТЕГИЈА
Јакнење, промоција и зголемување на видливоста на ЛГБТ заедницата во општеството преку работилници, семинари, конференции, јавни трибини, активности за подигнување на јавната свест, лобирање, медиумски кампањи и друго. Во моментот сме фокусирани на медиумски активизам.
Некои од целите на невладината организација Женска Алијанса се: поддршка и јакнење на ЛГБТ луѓето кои се во потрага по прифаќање на нивната сексуална ориентација и родов идентитет; работа на постигнување видливост на ЛГБТ заедницата во земјата и сензибилизација на општеството; редуцирање и елиминирање на хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза и злосторства од омраза; промоција и заштита на човековите права на ЛГБТ заедницата; застапување за подобрување на домашната легислатива во согласност со препораките од Европската Унија за еднаков третман и заштита на ЛГБТ луѓето; и друго.
Подготвени за акција?
Приклучи се!
Од незнаењето доаѓа стравот, од стравот произлегува нетолерантноста, па затоа за нас е од исклучителна важност да имаме афирмативен пристап во едуцирањето на публиката како клучен фактор за прифаќање.
За елиминација на сите форми на насилство врз нехетеросексуалните луѓе и дискриминацијата на основа на сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија, од витално значење е борбата против говорот на омраза широко распространет во општеството како резултат на моменталните стереотипи и предрасуди. Најдобриот начин да се изгради позитивна перцепција во јавноста за луѓето кои живеат надвор од традиционалниот општествен модел базиран на хетеросексуалност, хетеронормативност и бинарна логика на родовиот систем, и да се изврши влијание на процесот на социјална инклузија на маргинализираните групи, е преку промоција на човековите права и владеење на правото.
Зачленувањето во Женска Алијанса е доброволно и бесплатно. Пополнете го формуларот, а ние ќе се обидеме да ве контактираме за да направиме верификација на вашата е-пошта. Со самото аплицирање за членство, вие потврдувате дека сте го прочитале нашиот Статут, дека го разбирате и дека се согласувате да бидете обврзани со него.
Најновите вести од нас