Можеби се прашувате

Кои сме ние

Основана во октомври 2007 година во Скопје, Женска Алијанса е првата лезбејска и феминистичка невладина организација за промоција и заштита на човековите права на ЛГБТ заедницата и културен развој на општеството следејќи ги принципите на еднаквост, разновидност, толеранција и недискриминација. 

Имајќи предвид дека правото на поинаква сексуална ориентација е едно од основните човекови права, се залагаме за елиминација на сите форми на насилство врз нехетеросексуалните луѓе и дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија. Постојано се стремиме кон социјална инклузија на ЛГБТ луѓето и еднакви права преку залагање за правни промени и подобрување на националната легислатива.

ВИЗИЈА

Информациите ги преточуваме во акција преку организација, застапување и борба за еднаквост на ЛГБТ заедницата. Работиме на креирање слободно општество без предрасуди, нетрпеливост и омраза каде ЛГБТ луѓето ќе може да живеат отворено, искрено и реално.

МИСИЈА

Подобрување на социјалниот и правниот статус на ЛГБТ заедницата во Република Македонија, заштита и развој на нејзината култура во општеството, истражување и анализа на законите во контекст на поддршка на борбата за целосна еднаквост и социјална инклузија.

СТРАТЕГИЈА

Јакнење, промоција и зголемување на видливоста на ЛГБТ заедницата во општеството преку работилници, семинари, конференции, јавни трибини, активности за подигнување на јавната свест, лобирање, медиумски кампањи и друго. Во моментот сме фокусирани на медиумски активизам.

Некои од целите на невладината организација Женска Алијанса се: поддршка и јакнење на ЛГБТ луѓето кои се во потрага по прифаќање на нивната сексуална ориентација и родов идентитет; работа на постигнување видливост на ЛГБТ заедницата во земјата и сензибилизација на општеството; редуцирање и елиминирање на хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза и злосторства од омраза; промоција и заштита на човековите права на ЛГБТ заедницата; застапување за подобрување на домашната легислатива во согласност со препораките од Европската Унија за еднаков третман и заштита на ЛГБТ луѓето; и друго.

Време е да го запознаете

Нашиот тим

Гордана Трпчевска

Претседателка

Петар Стојковиќ

Односи со јавност

Иван Ивановиќ

Уметнички соработник

Аница Недељковиќ

Спортски соработник

Подготвени за акција?

Приклучи се!

Од незнаењето доаѓа стравот, од стравот произлегува нетолерантноста, па затоа за нас е од исклучителна важност да имаме афирмативен пристап во едуцирањето на публиката како клучен фактор за прифаќање.

Со цел елиминација на сите форми на насилство врз нехетеросексуалните луѓе и дискриминацијата на основа на сексуална ориентација, родов идентитет и родова експресија, од витално значење е борбата против говорот на омраза широко распространет во општеството како резултат на моменталните стереотипи и предрасуди. За таа намена, најдобриот начин да се изгради позитивна перцепција во јавноста за луѓето кои живеат надвор од традиционалниот општествен модел базиран на хетеросексуалност, хетеронормативност и бинарна логика на родовиот систем, и да се изврши влијание на процесот на социјална инклузија на маргинализираните групи, е преку промоција и бранење на човековите права и владеењето на правото.

Зачленувањето во Женска Алијанса е доброволно и бесплатно. За почеток пополнете го формуларот, а ние ќе се обидеме да ве контактираме за да направиме верификација на вашата е-пошта. Со самото аплицирање за членство, вие потврдувате дека сте го прочитале Статутот на Женска Алијанса, дека го разбирате и дека се согласувате да бидете обврзани со него.

Најновите вести од нас

Нашиот блог

Креирање на инклузивен пазар на трудот

Женска Алијанса во соработка со студентскиот културен центар ШКУЦ од Љубљана во јануари започна со реализација на проектот „Безбедни и…
ПРОДОЛЖЕТЕ СО ЧИТАЊЕ

ЛГБТИ лицата и натаму граѓани од втор ред

Во извештајот за напредокот на Македонија кој вчера го објави Европската комисија се посочува дека „лезбејките, геј мажите, бисексуалните, трансродовите…
ПРОДОЛЖЕТЕ СО ЧИТАЊЕ

Прв роденден на нашиот квир магазин

Во март 2014 година нашата организација доби грант од PlanetRomeo Foundation за проект што оригинално беше замислен како квир магазин рубрика.…
ПРОДОЛЖЕТЕ СО ЧИТАЊЕ

Поддржете ја нашата работа

Нашите пријатели ширум светот